Прифатен предлогот за разрешување на Димова – на ред е управниот одбор, треба да ја потврди одлуката

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се огласи Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

Премиерот Заев со порака на Фејсбук возврати на денешните обвинувања од страна на Каракачанов.

Тетовчанка сама живее во студентски дом – поради сиромаштијата не може да ги земе децата со неа

Ова е Зана Куќи од Тетово. Таа живее сама во студентски дом во студентската населба. Нејзиниот живот...

Каракачанов: „По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“ (ВИДЕО)

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во изјава за медиумите упати навреда кон македонскиот премиер Зоран Заев истакнувајќи дека...

Интерпелациите не ја плашат Владата – Дали Владата би „преживеала“ ако се гласа за нејзина доверба?!

Власта не ја плашат ниту интерпелациите, ниту гласањето доверба, но од друга страна бараат од опозицијата конструктивност...

Регистрирани 463 нови случаи на коронавирус во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.127 тестирања, регистрирани се 1.022 нови...

Владата го прифати предлогот на вицепремиерот Љупчо Николовски за разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова. Како што велат од таму, ваквата постапка ја овозможува член 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување.

-Му препорачува на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција со индиции за несодветно финансиско работење и за негрижа за одржѕувањето на имиџот на институцијата во јавноста-рече Душко Арсовски, портпарол на Владата.

Кога се појавија скандалите со злоупотреба на европски пари преку Агенцијата, опозицијата побара оставка од неа, но Димова изјави дека нема намера да го направи тоа, се додека не се разреши вистинската дилема односно не открие што се случило со 2,2 милиони евра проневерени во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија и денеска обвинија за скандали во Националната агенција.

„Денеска можеме да видиме низ медиумите дека еден од проектите доделен на фризерницата ВЕЗ Трејд бил доделен на сомнителен начин, не бил во првите три рангирани, со што претходните биле одбиени, а проектот на фризерницата подоцна бил прифатен од страна на евалуционата комисија“, рече Арсовски.

Опозицијата обвинува дека блиски луѓе до Димова, но и СДСМ добивале пари за проекти, иако проектите не биле помеѓу прворангираните. Фризерница и тренинзи на магариња беа спомнувани како проекти за кои биле дадени пари, но Димова постојано негираше дека имало злоупотреба на финансиски средства.

.