Пристигна есента на северната хемисфера

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денес е првиот ден од есента на северната хемисфера. Официјално започна ноќеска во 03.03 часот. Есента ќе трае до 21 декември во 23 часот и 48 минути, кога календарски започнува зимата. Следните шест месеци овој дел од Земјата ќе биде изложен на помалку директна светлина од Сонцето, а температурите ќе се намалуваат од недела на недела. 

Првиот есенски ден започна со свежо утро, а и во текот на денот се очекува променливо време, со можност за дожд. 

Вчера, на 22 септември се случи и есенската рамноденица – кога должината на денот и на ноќта е иста. Тоа се случува двапати годишно, на 22 септември и на 20 март. На есенската рамноденица, центарот на Сонцето е над хоризонтот точно 12 часа. Но се смета дека тоа изгрева дури и кога ќе се појави само неговиот горен дел, што се случува неколку минути порано. Истовремено, на зајдисонце, потребни се неколку дополнителни минути за тоа целосно да исчезне.

Сепак, во моментите на почетокот од изгрејсонцето и крајот на зајдисонцето она што го гледаме е всушност одраз од атмосферата.

Есента е едно од омилените годишни времиња за многумина. Боите во природата се неверојатни, луѓето се сладат со вкусните сезонски производи како костените и уживаат во паѓањето на лисјата и мирот кој ова годишно време го носи со себе.