Приватните превозници во Град Скопје се соочуваат со економска штета и нормално функционирање. Неопходно е Владата да интервенира со одредени активности или субвенции што ќе им помогнат да ја совладаат оваа состојба – апелира Ленин Јовановски, претставник на компанијата на приватни превозници.
Освен приватните превозници, помош од државата бара и Јавното сообраќајно претпријатие. Пред неколку дена, откако цената на метанот се зголеми од 50 во 110 денари, ЈСП Скопје побара помош од Владата, во спротивно најавуваат намалување на бројот на линиите односно автобусите да сообраќаат само според зимскиот распоред, вели Ленин Јовановски.
Овој ценовен шок негативно ќе влијае и врз нашата и така слаба финансиска состојба затоа ние автоматски сме обврзани да размислиме какви мерки да преземеме и истите да немаат негативно влијание врз квалитетот на јавниот транспорт, односно квалитетот на услугите кои ЈСП Скопје им ги нуди на скопјани. Затоа бараме помош од централната власт. Ние го следиме текот на настаните и зависно од резултатите ќе делуваме.
33 нови автобуси „МАН„ на ЈСП возат на метан и според пресметките на Јавното претпријатие со новата цена трошоците ќе се зголемат двојно, односно од 1 милион евра, годишно ќе им бидат потреби 2 милион евра. Новиот директор Илиевски побарал финансиска помош од Владата.
