Приведени девет лица затекнати во угостителски објект на Бит Пазар за време на полициски час

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 02.05.2021 во 22.20 часот во угостителски објект на ул.„Отокар Кершовани“ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 9 лица, бидејќи при контрола извршена во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, било констатирано дека не се почитуваат одлуките на Владата односно во објектот биле затекнати 9 лица. Тие се приведени во полициска станица за понатамошно постапување, а објектот од страна на ДПИ е затворен и пломбиран.