Приведени две лица за пукањето во Арачиново

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Две лица се приведени за пукањето во Арачиново, кога беше пукано врз градоначалникот и неговите соработници, дознава ТВ21 од полициски извори.

Шоферот на градоначалникот Ридван Ибрахими, беше пренесено во болница, и веднаш подложено на операција, а со полесни повреди беше уште едно лице. Денеска беше објавено дека двете лица се во стабилна состојба.

Веднаш по инцидентот, МВР го блокираше влезот и излезот од Арачиново, а областа беше надлетувана со полициски хеликоптер.