Приведени три лица од Битола – при контрола пронајдени метадон, шприц и фолија со остатоци од хероин

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 20.04.2021 година во 16.30 часот во ОВР Струга биле приведени Д.К.(20), Д.О.(20) и М.Д.(20), сите од Битола.

При контрола во патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К., кај сопатникот Д.О. од страна на полициски службеници пронајден и одземен е метадон, шприц и фолија со остатоци од хероин.

По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.