Професор по математика со предвидувања за проширувањето на коронавирусот: 570 заразени до 10 април во Македонија?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Доколку се почитуваат мерките и доколку граѓаните седат дома, според најоптимистичките предвидувања, до 15-ти април максималната бројка на заразени со Ковид-19 во земјава ќе биде 570. Според најпесимистичките предвидувања, бројката во истиот период ќе стигне 3 илјади заразени. Со овие заклучоци излези универзитетскиот професор, Дашмир Ибиши, кој преку анализа на официјалните податоци, преку компјутерски софтвер направил предвидувања за проширувањето на Ковид-19.

„До денес, за жал предвидов да има 200 и вчера министерот Филипче рече дека имаме 201 заразени. Најголемиот апел е да се изолираме, самоизолираме. Со стартот што го имаме сега, за жал . . .“, рече Ибиши.

ТВ21: Што велат прогнозите до 10 април, го спомнавте како датум?

„Дневно ќе имаме по 20 до 30 случаи, и така до 10 април, потоа почнува да се да паѓа оската и значи бројот на заразени. Доколку ги земаме предвид мерките на Владата и меките кои ќе се преземат во иднина, но до 10 април, со помош на софтверска програма, јас предвидувам дека во РСМ бројката на заразени да стигне над 500.“, рече Ибиши.

Според математичките прогнози на професор Ибиши, падот на бројот на инфицирани ќе почне од 10 април. Но, дали може да се предвиди дека ова епидемија ќе заврши?

„Предвиден е пикот, а потоа секој ден ќе имаме пад на бројот на нови случаи и така кон крајот на април нема да имаме ниту еден нов случај, или максимално 10 мај да немаме нови случаи. Потоа препораките на СЗО велат дека кога имаме нула случаи, мерките треба да продолжат одредено време бидејќи постои ризик за лицата кои  го имаат инкубирано вирусот. “, вели Ибиши.

И во светско ниво, професорот по математики не верува во предвидувањата дека состојбата ќе се смири до крајот на мај, поради тоа што, како што тврди во неколку држави само што почна да се прошири Ковид-19. Апелира дека изолацијата е единствено оружје кое го поседува светот против овој смртоносен вирус.