Променливо облачно со слаб ветер од југоисточен правец

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Наутро на места со појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.

Во Скопје Променливо облачно со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време, наутро на места со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува претежно јужен ветер, а утринските температури насекаде ќе се задржат позитивни. Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има врнежи од дожд, кои на места повремено ќе бидат пообилни, особено во недела.