Променливо облачно со сончеви периоди

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Утрото студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, се очекува во среда и во четврток. Локално врнежите ќе имаат пообилен карактер.