Проруските власти тврдат дека големо мнозинство од граѓаните гласале за приклучување кон Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проруските сепаратистички власти во Украина денеска ги објавија првите резултати од референдумите за присоединување на републиките Доњецк и Луганск, како и регионите Запорожје и Херсон кон Русија, според кои огромно мнозинство од граѓаните гласале „за“.

Во областа Запорожје со обработени 19 отсто гласови и „за“ се изјасниле 98,19 отсто од гласачите, во Доњецката Република со обработени 16 отсто гласови „за“ гласале 98 отсто.

Во Луганската република обработени се 13 отсто од гласовите, а „за“ се изјасниле 97,82 отсто од гласачите, додека во Херсон со обработени 14 отсто, 96,97 отсто од гласачите гласале за приклучување кон Русија, пренесе Бета.