реклама

Проширување на влада како „проевропски фронт“ – Реџепи: Ќе се најде начин да се обезбедат 80 гласови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Проширувањето на Владата за формирање на таканаречениот „Проевропски фронт“ се прави пред се за да се изолираат проруските сили во земјата, изјави пратеничката на ДУИ, Вјолца Адеми во синоќешната дебата во Клик плус, додавајќи дека вратата на мнозинството е отворено и за Движењето Беса.

„Мнозинството ги опфаќа сите проевропски партии…
Да и Движење Беса е проевропска!
Нека повели и Движење Беса, има место и за Беса.“, рече Адеми.

реклама

Пратеникот Кастриот Реџепи е оптимист дека ќе се обезбедат 80 гласови за уставните измени. Рече дека во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои не се согласуваат со политиките на опозициската партија.

„Во последен момент ќе се направи некаков… дали ќе биде автономно делување, како пратеници кои имаат уставно право, тоа што го направив јас, да не го почитуваат партискиот став. Партискиот став треба да се почитува но кога гледаш дека тоа оди против тебе, државата и народот, на крајот и да се скараш со партијата не е никаков проблем.“, рече Кастриот Реџепи.

реклама

Амир Елези од ААА вели дека за неговата партија не претставува проблем влезот на АА во Влада, ниту прашањето за ресори, дури додаде дека Ковачевски не му побарал на Гаши да го напуштат Здравство.

„Да, информиран е…“
-Од медиумите или…
„Не и од г. Ковачевски од претходните средби дека се прават обиди за проширување на мнозинството и нашиот претседател и ние како партија уште од почетокот му рековме да анализираме зошто се проширува мнозинството и каде сме со нашиот претходниот договор со Владата со цел во иднина да бидеме во можност повторно да преговараме за нов договор“, рече Елези.

реклама

Аналитичарот Сефер Селими има поинаков став за запоставувањето на Алтернатива како партнер во власта.

„Изгледа дека Алтернатива е запоставена од нормалната комуникација меѓу партнерите, и ова е знак дека или Алтернатива ќе биде доведена во позиција да прифати да биде дел од Владата со многу помалку функции или поинакви од сегашните, или да ја напушти Владата.“, вели Селими.

Соговорниците беа едногласни на ставот дека сите пратеници Албанци ќе гласаат за уставните измени и во никој случај тие нема да станат пречка во патот на земјата кон Европската унија.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама