Протест пред Владата за скандалот со Клиниката за онкологија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Започна најавениот мирен протест пред Владата по откривањето на скандалот на Клиниката за онкологија. Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи, и излегоа да го искажат својот револт откако минатата недела полицијата влезе на онкологија, поради сомневања дека на пациенти им се давала погрешна терапија, а на сметка на тоа терапии наводно се продавале на црниот пазар.

Претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски денеска кажаа дека го разбираат револтот на граѓаните и побараа од надлежните брза и ефикасна истрага.