Протест во Бутел поради јавни навреди од страна на вработен во општината

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Жителите од Бутел се собраа на протест поради јавните навреди кои вклучуваат и говор на омраза од страна на вработен во општината.

Жител на Бутел пред камерата на ТВ21 побара градоначалникот Велимир Смилевски да го казни вработениот и да му врачи отказ.

Тој додава дека на вработениот не му било прв пат да ги навредува Албанците.

Претходно, градоначалникот објави статус на својот Фејсбук профил каде потенцира дека се оградува од навредите на вработениот кон албанската етничка заедница и истакна дека ќе има санкции.