Први детали, еве кој е убиениот пејач синоќа во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

29 годишниот Амар Исмани од Скопје популарен пејач е жртвата по синоќешното пукање на Пластичарска улица, дознава ТВ21.

Првично избувнала тепачка меѓу неколкумина млади луѓе, а потоа дошло до пукање.

Амар Исмани беше пејач со многу популарни видеа, поставени на видео-платформата јутуб.

Инцидентот започнал со расправии, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје. Вкупно три лица биле хоспирализирани.

Во 23 часот и 45 минути едно лице е хоспитализирано во ГОБ Наум Охридски и итно префрлено во операциона сала.

Во исто време во Клинички центар пријавено е дека имаат примено две лица со повреди од огноено оружје.