Први на удар од „делумната“ мобилизација – малцинските заедници во Русија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат огромни линии за мобилизација во сибирската провинција Јакутија, како и во Чеченија.

Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање до нацијата најави дека започнува „делумна“ мобилизација која ќе биде ограничена на 300.000 војници.

Но, денеска се појавија информации дека најверојатно тоа нема да биде така, туку мобилизацијата ќе опфати многу поголем број, дури и до милион регрути.

Како што предвидоа многу аналитичари, мобилизацијата прво ќе ги опфати областите каде што живеат малцинските заедници, како што се Сибир и Чеченија.

Постојат неколку причини за ваквата одлука, примарната е „мирот дома“ за да се заштитат, колку што е можно поголемите градови како Москва и Санкт Петербург, но и искористување на многу полошата финансиска состојба што владее во другите делови на Русија. Војниците од тие области до сега беа столбот на руската армија.

Во Русија има се повеќе извештаи за незадоволство, а младите на секој начин се обидуваат да избегнат мобилизација. Колку овој потег на Путин ќе ја промени моменталната ситуација во Украина и Русија ќе покаже времето.