Први помилувања на Давкова: Пет лица излегуваат на слобода!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред големиот празник Илинден, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на пет лица.

Одлуката е објавена во Службен весник.

Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица:

  • Андреј Методија Мојсоски од с. Селце
  • Миран Латиф Исмани од с. Слатино

Делумно пак се ослободуваат три лица:

  • Блаже Владимир Стојанов од Штип, во траење од 2 месеци
  • Ванчо Делче Кржовски од Пехчево, во траење од 2 месеци
  • Ненад Душко Магделиниќ од Штип, во траење од 2 месеци

Ова е прво помилување на осудени лица од страна на претседателката Сиљановска Давкова.