Пукање вечерва во Чаир

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пукање вечерва во скопската населба Чаир, дознава ТВ21. Според информациите, било пукано во близина на маркетот Веро во оваа населба.

Неофицијално има неколку повредени лица. ТВ21 дојде до информација дека автомобил „Волксфаген Пасат“ со кумановски таблици е во бегство.

Најновите информации велат дека од огнено оружје е отворен оган кон лицето А.Б. кое се здобило со четири прострелни рани. Во тешка здравствена состојба било лицето А.В. и прерфлено е во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде се бори за живот.

Пукањето се поврзува со вооружена престрелка која се случила пред од прилика еден месец во близина на образовен објект во Чаир.

ТВ21 го контактираше и МВР каде очекуваме детали за пукањето.