Пукање во Русија: Тројца мртви, животот го загуби и полицаец

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вооружени напаѓачи отвориле оган врз автомобил во Русија. Возилото превезувало локален безбедносен службеник во руската област Ингушетија во Северен Кавказ. Три лица, меѓу кои и еден полицаец, се убиени во престрелката, објави новинската агенција ТАСС рано во саботата, повикувајќи се на истражителите.

ТАСС го цитира локалниот огранок на рускиот истражен комитет дека во петокот вечерта бил отворен оган од автомобил доделен на заменик-шефот на Центарот за борба против екстремизмот во Ингушетија.

Локалниот огранок соопшти дека е отворена кривична истрага за инцидентот и дека се трага по оние кои стојат зад нападот.

Во извештајот на ТАСС се наведува дека напаѓачите побегнале од местото на злосторството и се упатиле кон соседниот регион Северна Осетија.

Ингушетија е во непосредна близина на Чеченија, во срцето на често нестабилниот регион на Северен Кавказ.