Путин во самоизолација откако негови соработници се позитивни на коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владимир Путин е во самоизолација, откако неколку негови блиски соработници се тестирани позитивно на коронавирус. Тој, сепак, бил негативен на тестирањето, соошти „Кремљ„.

Рускиот претседател е вакциниран против Ковид-19 во март.

Путин призна дека бил во контакт со лица кои биле заразени и дека ќе мине одреден период во самоизолација.

Закажаните состаноци и обврски, ќе бидат реализирани он-лајн, соопштија од Кремљ.