Работа во недела по туристички места, Бектеши: Беше барање особено од Мерко

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска во „10 минути“ на ТВ21 објави дека веќе е испратен предлог до Собранието во туристичките места да се работи и во недела. Бектеши рече дека се надева дека истиот предлог ќе добие поддршка од опозицијата бидејќи е во интерес на развојот на туризмот во земјава.

„Тоа е барање на градоначалниците, особено на градоначалникот Мерко, но и на бизнис заедницата која работи во Струга и Охрид, но не се работи само за Струга и Охрид, туку и за други дестинации, туристички дестинации“, рече Бектеши.