Раскинувањето на договорот меѓу „ХЕЈ“ и Лотарија – Мицкоски вели дека има основа за покренување на кривична постапка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата не само што го раскина договорот за закуп за деловен простор склучен меѓу “ХЕЈ“и Државна лотарија, туку има и основа за покренување на кривична постапка и кривична одговорност, вели премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи е потпишан по цена која е  дури и до три пати поголема од пазарната.

По оваа, од ВЛЕН излегоа со пофалби дека се борат против коцкањето како што ветиле, а Фатмир Сабриу меѓу другото истакна дека износот на договорот меѓу компанијата ХЕЈ и Државна лотарија изнесува 2.26 милиони евра за закуп за период од 2 години.

„Првиот сопственик на оваа фирма беше Армин Машовиќ, поранешен бизнис партнер на Ерџан Сулкоски, кој беше поврзан со семејството на лидерот на ДУИ, Куштрим Смајлај. Прв управител на „Хеј ДООЕЛ“ беше Натура Груби Бела, братучетка на тогашниот вицепремиер главата на коцката Артан Груби. Понатаму, сопственоста на компанијата ја презеде Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актуелен пратеник од редовите на ДУИ“, вели Фатмир Сабриу.

Според Сабриу од ВРЕДИ, до август 2024, за само 13 месеци, Државна лотарија му исплатила над 300 илјади евра на „Пуцко Петрол“, за закуп за овој деловен простор.