Откако беше потпишан договорот за коалиција меѓу Алтернатива и Алијанса за Албанците, претседателот на Алијанса тогаш изјави:
„Има сили кои работат постојано за да не разделат и да не скараат“, истакна Зијадин Села.
Овој раздор дојде по 1.5 години. Сега Алтернатива е дел од Владата на Заев. Во емисијата Клик Плус пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, не ја негира доминацијата на Алијанса врз Алтернативата.
„Свесни сме дека со пристап на доминација, а не на инфериорност, бидејќи никогаш немавме потреба да настапиме со инфериорност кон никого“, посочи Скендер Реџепи.
Измамата со потписите за уривање на Владата, според Зејди, е тоа што доведе до распад на коалицијата.
„Кај мене лично беше моментот на измамата со потписите“, додаде Скендер Реџепи.
Објасни и за колкав временски период е потпишан договорот за коалиција.
„Договорот кој го имаме е до следните парламентарни избори“, вели Скендер Реџепи.
Но дали постои веројатност во иднина да има повторно соработка меѓу АА и ААА. Зејди вели дека неговата партија е секогаш отворена за соработка со Алијанса за Албанците.
„Верувам дека секогаш ќе има можност за соработка, се разбира имајќи го предвид заедничкиот интерес во текот на овие разговори. Не се затвора вратата за соработка со Алијанса“, посочи Скендер Реџепи.
Но, пред неколку дена, зборувајќи за можните идни соработки, потпретседателот на АА, Елми Азири, рече дека со влезот во Влада, Алтернатива поставила силни бариери меѓу нив.
„Поставија многу силни бариери меѓу нас, уште повеќе кога тие беа со нас и фактички заминаа и ја избраа другата страна. Моментално додека зборуваме, тие се многу блиску СДСМ и ДУИ“, вели Елми Азири.
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по потпашувањето на договорот со Зоран Заев, рече дека тој и неговата партија „немаат пушка„ за Алијанса.
