Растот на британскиот БДП во февруари нагло забави на 0,1 проценти

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Растот на британската економија во февруари забави понагло од очекуваното, при што бруто домашниот производ порасна за 0,1 отсто на месечно ниво во однос на 0,8 отсто во јануари, покажува денешната официјална статистика.

И покрај ниската стапка на експанзија во февруари, британската економија е за 1,5 отсто повисока отколку во февруари 2020 година, пред пандемијата на Ковид-19, соопшти Националното биро за статистика (ONS).

Во пандемиската 2020 година, Велика Британија забележа економски пад од 9,0 проценти на годишно ниво, најголем во земјата од Првата светска војна, но економијата нагло закрепна минатата година, претрпувајќи мал удар од варијантата омикрон коронавирусот во декември.

Сепак, економистите ги намалија прогнозите за раст на Велика Британија за 2022 година поради зголемената инфлација предизвикана од зголемените цени на енергијата и стоките, делумно војната во Украина, како и тековните проблеми со синџирот на снабдување кои се присутни од почетокот на пандемијата.