Раткоцери: Заев ги затвори Мијалков, Камчев, Чавков, Јанкуловска, а сега го моли Африм Гаши за Влада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва дебатираме со политичките аналитичари Арбен Раткоцери и Валон Бела. Дебатираме на актуелни политички теми, за мнозинство во влада, за новата влада и влегувањето на Алтернатива во неа.

Раткоцери нагласи дека Заев покажал голема храброст, и дека е можеби еден од ретките политичари во регионот кој успеал да уапси „крупни“ бизнисмени поради криминал, како и политичари од претходната власт.

„Истиот сега, истиот Заев зависи од политичари како Африм Гаши. За жал, тоа е политиката. Вие да успеете да ги уапсите така крупни бизнисмени и политичари од калибарот на Орце Камчев, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, па да успеете да го симнете од власт Груевски, не е мала работа, треба голема храброст“, изјави Раткоцери.

Од друга страна Раткоцери напомена дека оваа влада ќе трае толку колку што посакаат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа се двете партии во моментов со највисок рејтинг.