Разорен земјотрес од 7,4 степени во југоисточна Турција, има жртви, срушени згради

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Неколку лица загинати, срушени згради и огромна материјална штета предизвика разорниот земјотрес од 7,4 степени во југоистична Турција вечерва, јавуваат локалните медиуми.

Националната телевизија ТРТ јавува за најмалку пет загинати лица, иако таа бројка несомнено ќе расте со оглед на првите фотографии и видеа од земјотресот.

реклама

Епицентарот бил во југоисточниот дел на земјата, во близината на границата со Сирија на длабочина од 10 километри во 04:17 часот по локално време.

Во градовите Адана, Газантеп како и другите места во околината луѓето ја минуваат ноќта на улица.

реклама

Имаше извештаи и за пукање на гасоводот во тој дел од земјата, со што се предизвикани и неколку експлозии, но таа информација не е официјално потврдена.

После овој земјотрес следуваа и серија мали афтершокови, а тлото во тој дел на Турција и натаму не мирува.

реклама

реклама
реклама
реклама