Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Васко Кичевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многу ни е жал што СДС нема отчет за ниту една општина каде се власт. Нема отчет ниту за Центар, ниту за Струмица, ниту за Делчево, Берово и останатите општини.

Ако имаа отчет ќе можевме да се споредиме во сработеното, наместо да се служат со лаги и манипулации.

За она што не е сработено за Град Скопје може да и се обратат на Данела Арсовска на една од многуте тајни средби кои ги имаат каде и даваат поддршка. Токму нејзината неработа е главната причина за губење на поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.

Причината зошто СДС се насочува кон Град Скопје а не општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е поради тоа што и СДС знае дека во тие општини има сработено многу проекти.

Што се однесува за сработеното на ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврдуваат проектите, училиштата, улиците, булеварите, градинките кои се градат, а се во износ од над 120 милиони евра.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ