Регионалните центри за управување со кризи во Тетово и Скопје објавија дека ситуацијата по невремето се нормализира

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Регионалните центри за управување со кризи во Тетово и Скопје соопштија дека ситуацијата со невремето што ги погоди Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализира.

По силното невреме, 99% од повиците на бројот 112 во изминатото деноноќие биле за барање записници за материјална штета, кои се упатени кон надлежните општински власти и потоа кон владината комисија за понатамошно постапување.

Во случај на елементарна непогода или доколку ви е потребна помош јавете се на бесплатниот број 112.