Позната јачината и епицентарот на земјотресот кој вечерва беше почувствуван во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 04.11.2024 година, во 20 часот и 35 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопско епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.