Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.127 тестирања, регистрирани се 1.022 нови случаи на коронавирус во Македонија.
На територија на Скопје во последниве 24 часа регистрирани се 463 нови случаи на коронавирус.
Од почетокот на пандемијата со коронавирусот досега во Скопје се регистрирани 26.602 случаи, додека пак активни во моментов се 10.382.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60.723, бројката на оздравени пациенти е 37.505, на починати е 1.699, а бројот на активни случаи изнесува 21.519.