Реката во Куманово и понатаму загадена, граѓаните бараат мерки, општината не одговара

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова е Голема река во Куманово. Жителите се револтирани поради отпадот кој се фрла во реката. Овој граѓанин лови риба, но наместо плен повеќе фаќа отпад.

Граѓаните бараат итно да се чисти реката и одржува, а паралелно со тоа санкционирање на неодговорните жители кои ја загадуваат животната средина.

Граѓаните велат дека реката, но и паркот кој се наоѓа во близина неколку пати биле исчистени од општината, но многу брзо пак се враќаат во иста состојба. ТВ21 побара став од општината, дали ќе преземат нешто, но досега не добивме одговор.