Дали ќе има поширока реконструкција на Владата? Саранда Имери во емисијата „Ајде да зборуваме“ на ТВ21, изјави дека во ВЛЕН не се дискутира за некој министер кој ќе се повлече или ќе го смени ресорот, но, како што додаде, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се споменуваат неколку имиња.
Имери истакна дека анализите за новите имиња на министрите се прават врз основа на нивните перформанси, при што, како што рече, партиите и лидерите ги направиле анализите и дошле до некој заклучок.
„Мислам дека секоја политичка партија и секој лидер кој е дел од владината коалиција, ги направиле своите анализи и на крај морале да дојдат до некој заклучок во однос на перформансите на министрите кои ги раководат различните ресори. Се очекува во наредните 24 часа да имаме пристап до сигурни информации“, изјави Имери.
