Професорката на факултетот за безбедност и поранешен министер и екс пратеник Фросина Ременски, гостувајќи во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за носењето на измените во Кривичниот законик изгласано во Собранието синоќа.
„Изненадена сум од брзината на носењето на измените. Според мене недостасува научно истражува, иако тој закон, беше искритикуван како т.н. политичка казна.
И во минатото настануваше полемика како ќе се утврди штетата или користа на овластување, сторил нешто за своја штета или штета на друг, фактот дека се намалува односно се утврдува долната граница за злоупотреба на средства во буџетот, не е доволно аналитички утврден момент кога тоа да добие на ваква актуелност на собраниска измена, ако се има во предвид дека јавноста знаеше да слушне дека е во подготвка нов текст на Кривичен законик. Но, ние не си ја довршивме домашната работа за да видиме како ќе завршат од актуелни постапки за злоупотребна на службена положба“, рече Ременски.