Ризаов: И после 10 месеци од војната во Украина, ние не можеме да пренесеме точни информации, немаме дописник

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Горан Ризаов од „Метаморфозис“ и „Мета“ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека и после десет месеци од руската агресија во Украина, ние не можеме да пренесеме точни информации затоа што немаме дописници таму.

„Не само што не успеавме да останеме имуни на дезинформации туку и не успеваме да пренесеме точни и проверени информации од самата војна во Украина“, вели Ризаов.