Ризаов: Масакрот во Буча кај нас и во регионот беше прикажан како исцениран случај

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Горан Ризаов од „Метаморфозис“ и „Мета“ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека масакрот во Буча, Украина каде беше откриена масовна гробница, кај нас но и во регионот бил прикажан како исцениран случај.

„Еден од драстичните примери беше масакрот во Буча. На нашите социјални мрежи беа споделувани вирални видеа дека масакрот во Буча всушност е исцениран, дека станува збор за холивудски филм, дека веднаш штом помине камерата мртвите стануваат што беше катастрофално меѓутоа имаше голем одзив во јавноста“, вели Ризаов.