Ризикот Русија да употреби хемиско оружје останува висок – изјави украинскиот министер

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар изјави дека постои висок ризик Русија да употреби хемиско оружје против нејзината земја, повторувајќи ги предупредувањата на претседателот Володимир Зеленски претходно оваа недела, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Во вторникот таа рече дека властите ги проверуваат непроверените извештаи дека Русија можеби веќе користела хемиско оружје во опсадата на Мариупол.

Западните земји предупредија дека употребата на хемиско оружје ќе означи опасна ескалација на конфликтот и ветија дека ќе преземат цврста акција доколку Русија изврши такви напади.