Руски Нордголд затвора рудник за злато во Буркина Фасо

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Руската компанија Нордголд денеска соопшти дека го затвора рудникот за злато Тапарко во Буркина Фасо поради, како што наведува, „виша сила“, наведувајќи дека безбедносната ситуација во западноафриканската земја е влошена.

Буркина Фасо, како и соседните Мали и Нигер, се борат против вооружените милитантни групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава, кои убија илјадници луѓе и раселија повеќе од два милиони луѓе од регионот Сахел во Западна Африка.

Рудникот Тапарко се наоѓа во провинцијата Намантенга во Буркина Фасо, приближно 200 километри североисточно од главниот град Уагадугу.

Според последниот извештај на Нордголд, во рудникот во периодот од јануари до септември минатата година биле произведени 53.500 унци злато. Податоците за производството за цела 2021 година сè уште не се објавени.