Русковска: После ова што ми се случи, не верувам дека друг обвинител сериозно ќе продолжи да постапува по предметите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вилма Русковска денеска ја поднесе жалбата во Советот на јавни обвинители, по повод нејзина суспензија од работа.

Русковска после поднесувањето на жалбата даде изјава за медиумите, и кажа дека предметите треба да продолжат да се процесираат, но не верува кој би се нафатил на такво нешто.

„Без разлика што имаше соопштение дека предметите ќе продолжат со несмален интензитет, после ова што ми се случи не верувам дека било кој колега сериозно ќе продолжи да постапува по истите.“, рече Русковска.

Русковска не сакаше да каже детали околу жалбата.

„Прво Советот да се запознае со жалбата, па потоа и јавноста“, изјави Русковска.

По повод обвиненијата дека претресот во Финансиската полиција бил незаконски, Русковска додаде:

„Дали е законит претресот или не, согласно член 290 од Законот за кривична постапка, исклучиво одлучува Судот. Ние како обвинители сме во рамки на постапката и не можеме да кажеме дали претресот е законски или не. Доколку некој сметал дека со претресот му е повредено некое право или е погрешно извршен, имал право да вложи жалба до Судот“, рече Русковска.

error: Content is protected !!