Обвинителката Вилма Русковска денеска на „Утрински брифинг“ коментираше и за случајот „Монструм“ за кој денеска ќе има пресуда.
Таа смета дека е направена голема грешка што предметот се укина, односно што беше вратен на повторно судење.
„Предмет како и секој друг предмет. Се направи голема грешка што истиот се укина. Како што разговарав со колешката Фетаи, ниту еден нов доказ не се изнесе од она што беше на претходното судење“, рече Русковска.
Случајот „Монструм“ се однесува за петкратното убиство на децата кај „Смилковското езеро“ во 2012 година.
Предметот беше вратен на повторно судење откако одбраната објави дека има нови докази за случајот.