Сали за случајот со ракометарот Тот: Извештајот на ДСЗ е доставен кај мене, се чека и од судска медицина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Беким Сали денеска во изјава за медиумите посочи дека извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за случајот со хрватскиот ракометар Денис Тот е доставен во неговата канцеларија.

Тој вели дека сега се чека извештај од судската медицина.

„По комплетирање на сите документи, ќе се формира комисија ако има потреба и ако има сомнеж за некој детаљ, па потоа ќе дадам дефинитивна изјава. Не би сакал во период кога се уште е отворен процесот да дадам некоја изјава“, вели Сали. 

Тој додава дека сликата се уште не е комплетирана и не може да даде прецизен одговор.

„Меѓутоа гледаме дека секоја институција својата работа си ја обавува во рамки на своите ингеренции“, порача Сали.