Само два дена откако го објави, Град Скопје го затвори јавниот повик за субвенции за електрични тротинети поради голем интерес

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување електрични тротинети и исполнување на предвидените средства, овој јавен повик е затворен, соопшти Град Скопје.

На јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за купување електричен тротинет граѓаните можеа да се пријавуваат електронски и да доставуваат фискални сметки за купен електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од 1 јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30 проценти од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од седум илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот се спроведува по принципот „прв дојден – прв услужен“.

– Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за електрични тротинети се предвидени 1,5 милиони денари, наведуваат од Градот.