Санкционирани 92 возачи во Скопје, од нив 29 за брзо возење

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во рамки на акциските контроли полицијата вчера на територија на Град Скопје изрече вкупно 92 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

Како што информираат денеска од МВР, засилените акциски контроли продолжуваат. Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.