Саранда Имери: Заминувањето на Ермира Мехмети е голема загуба за политичката сцена! Има простор во ВЛЕН, но зависи од неа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дали Ермира Мехмети може да се врати во политиката? Саранда Имери во емисијата „Ајде да зборуваме“ на ТВ21 изјави дека тоа е нејзина одлука, но дека ќе има простор во ВЛЕН, бидејќи, како што рече, нејзиното заминување било голема загуба, а според Имери, Мехмети е професионалец кој може да даде придонес во политиката.

„Не знам колку има волја кај госпоѓата Мехмети да се врати во политиката, нејзиното заминување од политичката сцена беше голема загуба како кадар и како професионалец. Таа е личност која сè уште може да придонесе во политичката сцена, има знаење, ги поседува потребните способности, но тоа е нејзино приватно прашање, таму не можам да зборувам“, рече Имери.

ТВ21: Дали има простор во ВЛЕН за госпоѓа Мехмети?

„Ако мене ме прашате лично, можам да кажам дека да“, рече Имери.