СДСМ бара кривична пријава за Митревски, „Државни патишта“ ќе му го прекинат привремениот ангажман

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Опозициската СДСМ и денеска бараше одговорност за, како што ги нарекуваат, скандалите во Јавното претпријатие, Државни патишта, бидејќи, според нив, шефот на контролорите на Наплатната служба на патарините во Петровец, Миланчо Митревски бил фатен како ја злоупотребува службената должност и затоа му е изречена само дисциплинска мерка, но не и кривична пријава, како што направи МВР за 12-те полициски службеници и 6 вработени на патарините кои беа фатени во скандалот за неплаќање на патарина.

Од ЈП Државни патишта велат дека ќе му го прекинат привремениот ангажман на Митревски и ќе ги разгледаат тврдењата за злоупотреби.

На 28 јули 2024 година, Миланчо Митревски е назначен привремено од три месеци на функција како координатор на контрола во Одделение за наплата на патарините и контрола.