СДСМ ќе го поддржи законот кој ќе овозможи покачување на пензиите – Филипче: Повторно се враќаат на системот кој ние го развивме!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

СДСМ ќе го поддржат законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој предвидува линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари, почнувајќи од септемвриската пензија.

Според лидерот на партијата, Венко Филипче, пензионерите го заслужуваат тоа.

„Дополнително што после ова линеарно зголемување на два пати, кое што го најавува Владата, после тоа во законот повторно се враќаат на оној систем на покачување со индексирањето на оној систем кој што ние го развивме“, вели Филипче.