СДСМ ќе се обиде Максим Димитриевски да го врати во партијата – зборува Љупчо Николовски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски доби втор мандат да го води Куманово на неодамнешните локални избори, но овој пат како независен кандидат. Тој, првиот мандат го мина како кандидат од СДСМ, меѓутоа беше избркан од партијата.

Генералниот секретар Љупчо Николовски вечерва во ТВ21 во „21Анализа“ рече дека СДСМ ќе се обиде да го врати Димитриевски во партијата.

„СДСМ ќе влезе во постапка во која ќе извлече поуки, ќе донесе многу одлуки. Затоа што во партијат има и луѓе кои не се партиски членови, а се ставени во позиции да носат одлуки за граѓаните. СДСМ ќе направи се преку сите процеси и промени, и верувам дека овој предизвик пред кој се наоѓаме ќе го решаваме сите заедно и дека обединети, со многу промени и детектирани слабости, ќе биде партија која ќе биде целосно подготвена за следните предизвици“.

ТВ21: Да резимирам, ќе се обидете да го вратите Максим?

Николовски: Ќе се обидеме да направиме се, да