СДСМ: Мицкоски да ги повика на одговорност сите обвинети од ВМРО-ДПМНЕ, поранешни и сегашни функционери

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На сите припаднички на понежниот пол среќен 8. март!

Денешниот ден 8. март е познат како меѓународен ден на жената. Главно се одбележува со подарување кон своите најблиски...

На оваа фотографија нема ниту една билка

Фотографијата која ја гледате, од прва може ви делува како има неколку билки. Меѓутоа верувале или не, на него...

Дневен хороскоп за понеделник (8. март 2021)

ОВЕН Работа: Во случај да сте правник, конечно, судскиот процес кој се оддолжи се завршува во ваша корист. Љубов: Вљубени...

Претпладне сончево, попладне со поголема облачност и дожд во делови од земјата

Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаба магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми...

Наскоро ќе користиме банани за управување со видео игри

Компанијата „Сони“ поднелa барање за патент наречен „систем и метод за генерирање на кориснички внесови за видео игри“, кои...

Од СДСМ со соопштение го повикаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги повика сите сегашни и поранешни членови на партијата, да понесат одговорност.

„Откако ги призна сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од неговите ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков, Христијан Мицкоски да ги повика на соочување со одговорност сите во белиот дворец против кои се водат судски предмети.

Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата, против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се и Груевски и Мијалков ама и Милошоски и Орце Камчев и многу други.

ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се симболот на криминалот, корупцијата и неправдата.

Граѓаните ова многу добро го знаат.  

Како што и досега не успеа во својата намера, нема да успеат ниту овој пат, одговорност ќе има за сите до еден.“, велат од СДСМ.