„Дејли Клик“ со Богданка Кузеска: Прашањата за ОНА да се решаваат во друг предлог закон

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Дејли Клик на ТВ21 утрово гостуваше Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Меѓу темите се разговараше и за законот за бранители.

Во врска со припадниците на ОНА, таа рече дека прашањата треба да се решаваат, но не во овој предлог закон.

Во емисијата таа потенцираше дека претседателот на Собранието Африм Гаши постапува со двојни стандарди, бидејќи закажува седница на пример за кредитот од Унгарија, но не и за законот за бранители

Инаку предлог законското решение е поднесено од пратеничката Славјанка Петровска.