СДСМ: Референдумот на Мицкоски против ЕУ е обид за уназадување на државата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иницијативата за референдум е единствено за личен спас на фотелјата на Христијан Мицкоски во Белиот дворец, тоа e ретрограден процес што има за цел да ја уназади државата и да го попречи интегрирањето во ЕУ.

Таканаречените активни и пасивни блокади на ВМРО-ДПМНЕ се поради плашливото и кукавичко однесување на Мицкоски, а и иницијативата за референдум е токму тоа – кукавичлук на Мицкоски.

Во таквото однесување Мицкоски е сам и изолиран а доказ за тоа се и јавните изјави на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ кои не се сложуваат со таквите постапки на Мицкоски.

Во клучни и сериозни времиња, Мицкоски со иницијатива што однапред е осудена на неуспех, сака да го попречи нормалното функционирање на државата, на штета на граѓаните и економијата.

Граѓаните нема да дозволат Мицкоски заради лични хирови да ја врати државата назад во време на изолација и поделби.

Неговите деструктивни политики одново ќе бидат силно поразени.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ