реклама

СДСМ: Трет ден молк на Мицкоски, на кого ветувал промена на Уставот?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

„Трет ден трае молкот на Христијан Мицкоски за јавно поставените прашања.

Со кого се среќавал Мицкоски од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот?“, прашува СДСМ.

реклама

„Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној кој го кажува во јавноста или оној кој го кажува на средбите со домашни и странски политичари?

Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев нека не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки туку нека излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања.

реклама

Лицемерието на Мицкоски за државните и националните интереси кога во јавност зборува едно, а зад затворени врати сосема друго е одамна познато

Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левица и затоа стануваат се порадикални во деструктивното дејствување.

реклама

Мицкоски е слаб, исплашен и очаен и затоа се што прави, прави за да не заостане зад Апасиев.“, рече СДСМ.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама