До Државната изборна комисија (ДИК) до попладнево се пристигнати листи за пратеници за парламентарните избори од коалицијата предводена од СДСМ, од партијата ЗНАМ, како и од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Поднесени се листи за сите шест изборни единици. Листи за изборите поднела и партијата Родина. Рокот за доставување на изборните листи за пратеници истекува вечер на полноќ.
ДИК се очекува во 16 часот да започне седница на која ќе го заклучи Избирачкиот список и за Претседателските (24 април) и за Парламентарните избори (8 мај).
Во ДИК попладнево беше потпишан Кодекс за фер и демократски избори од страна на претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Бујар Османи, Максим Димитриевски, Билјана Ваковска, Арбен Таравари. Кодексот не го потпиша Стевчо Јакимовски.